Skip to main content

Активности

Реконструкција на игралиштето во Долно Коњско

Вредноста на зафатите изнесуваат околу 230 000 денари, а средствата се обезбедени од буџетот на Општина Охрид.
 |  инфодеск  | 
Долно Коњско

Започнаа активностите за целосна реконструкција на повеќенаменското игралиште во Долно Коњско.

Согласно проектот предвидено е да се изврши целосна замена на заштитната ограда и да се изврши санација на спортските реквизити. Овие активности се резултат од постојаната комуникација што ја практикуваме со Охриѓани – информира градоначалникот Кирил Пецаков.

Долно Коњско

Вредноста на зафатите изнесуваат околу 230 000 денари, а средствата се обезбедени од буџетот на Општина Охрид.