Започна реконструкцијата на општинската зграда во село Белчишта / прва фаза, во која ќе се изврши реконструкција на кровната конструкција, спомен собата од НОБ и поставување на ПВЦ дограма во деловите каде не е поставена.
Проектот се реализира преку Центарот за развој на Југозападниот плански регион, Програма за рамномерен регионален развој 2022-2023. Вкупната вредност на работите изнесува 4.461.007 денари, од кои 3.695.600 денари ги обезбеди Центарот на ЈЗПР, преку Бирото за регионален развој, а 765.407 денари се учество на Општина Дебрца – информира Зоран Ногачески, градоначалник на Општина Дебрца.
Во втората фаза, за која се подготвува апликација за користење на средства од Програмата за рамномерен регионален развој 2023-2024 се планира целосна реконструкција на зградата, вклучително и големата повеќенаменска сала.