Активности
Реконструкција на спортските игралишта во Охрид
По завршувањето со активностите на игралиштето во нас. Христо Узунов, продолжува реконструкцијата на уште неколку игралишта во градот.
Започнаа активности за реконструкција на спортските и повеќе наменските игралишта во градот.
Посветено се грижиме за здрав и правилен развој на младите и децата. Деновиве се врши реконструкција на игралиштето во населбата Христо Узунов. Согласно проектот предвидено е да се постави нова подлога, нови огради и реквизити. После завршувањето со активностите тука, продолжуваме со реконструкција на игралиштата во населба Гоце Делчев, во Пештани, во ОУ “Св. Климент Охридски” и Даљан – информира градоначалникот Кирил Пецаков.



