Skip to main content

Градежни активности

Реконструкција на пешачка патека на бул. Туристичка

Се одвиваат градежни активности за реконструкција на пешачката патека на булеварот Туристичка. Активностите се во рамки на Програмата за уредување на градежно земјиште.
 |  инфодеск  | 
Реконструкција на пешачка патека

Во тек се градежни активности за реконструкција на пешачката патека на булевар „Туристичка“ на потегот од крстосницата со улица „Јане Сандански“ до крстосницата со улица „АСНОМ“.

Реконструкција на пешачка патека

Во рамки на реконструкцијата се врши поставување на нови бекатон плочки и нови рабници во должина од околу 500 метри од десната страна на булеварот. Претходно, на истиот потег беше извршено асфалатирање на велосипедската патека по целата должина.

Активностите се дел од Програмата за уредување на градежно земјиште на Општина Охрид, а изведувач е фирмата „Кими Ибра“ од Кичево.