Skip to main content

Реконструкцијата на „Питу Гули“ започна пред две недели, досега ни трага ни глас од механизација

Отпочнувањето на работите беше  одбележано со присуство на министерот за финансии Ставрески, Градоначалникот Бакрачески и медиумите. Но кога си заминаа камерите и новинарите си заминаа и машините и работниците. Градоначалникот вели дека работите ќе се интензивирале од понеделник.

 |  Мишел Наумоски  | 
pitu guli
питу гули

Жителите кои гравитираат околу улицата Питу Гули се прашуваат на што се должи застојот во активностите за нејзина реконструкција. Градежните зафати свечено беа отпочнати на 3ти април ,со присуство на министерот за финансии Зоран Ставрески и градоначалникот Никола Бакрачески. Но откако се изгаснаа камерите и заминаа новинарите, си замина и градежната механизација. 

rekonstrukcija Pitu GuliСпоред градоначалникот, се средуваале последните финеси пред започнување на посериозните градежни зафати на оваа улица. Од наредната недела локалната самоуправа ќе  започне со поинтензивни активности за целосната реконструкција на улицата „Питу Гули“.

„Со изведувачите на градежните работи и со нивните подизведувачи добив уверување дека од понеделник веќе ќе почнат да се интензивираат градежните работи, и уверување дека после мерењата кои ќе се спроведат на терен, во делот на тротоарите, со оглед на тоа што има голем број на влезови на таа улица. Ние се трудиме да најдеме едно заедничко и современо решение да не изгледа тоа хаотично во делот на влезовите и излезите од таа улица и веднаш ќе почнат со интензивни градежни активности.“-вели градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески.

dupki Pitu GuliСо оглед на фактот дека улицата „Питу Гули“ е една од поважните сообраќајници, која поврзува повеќе делови од градот, со самата нејзина реконструкција постои можност граѓаните кои живеат на тој потег да бидат отсечени на некој начин. Локалната ја предвидела и таа можност. Уште пред почнување на самата тендерска документација, одделението за сообраќај било задолжено да изработи студии за времен режим на сообраќај на тој дел од градот каде што ќе се работи. Од локалната сметаат и на поголемо разбирање од страна на граѓаните затоа што изградбата на инфраструктурата е во нивен интерес. Инаку улицата „Питу Гули“ ќе се реконструира со средствата кои локалната самоуправа ги доби од кредитот од Светска банка во износ од 1.7 милиони евра, а со кои ќе се реконструираат и повеќе други улици во градот и околните населени места.

{loadposition content9}