Skip to main content

Реконструкцијата на кејот ќе чека зелено светло од УНЕСКО

Реконструкцијата на кејот ќе чека зелено светло од УНЕСКО. Денес градоначалникот има состанок во оваа организација и од  мислење на нејзината комисија ќе зависи неговата понатамошната реализација на проектот.

 |  Јаковлева Лионела  | 

Проектот за кејот испратен во УНЕСКО. Иако општината има правосилно одобрение за градба, има и Стратегиска оценка за влијание на животна средина реконструкција за кејот ќе чека зелено светло од УНЕСКО. , вели Градоначалникот Константин Георгиески.

Проблемите што ги имаме со УНЕСКО се поради недостаток на таа комуникација. Години наназад државава немала никаква комуникација со УНЕСКО и со нивните советодавни тела, информациите кои стигнувале во УНЕСКО биле од Охрид СОС, ОД 21/42 и такви слични организации кои не дека се нерелевантни туку не се целосно точни и нашите напори во односна тоа прашање се да нормализира таа комуникација и перманентно да ги доставуваме информациите кои ги имаме во однос на прогресот, вели Градоначалникот.

Денес градоначалникот има состанок во УНЕСКО и се очекува да се слушне нивното мислење околу проектот со кејот од што ќе зависи неговата понатамошна реализација,

Доколку од таму добиеме зелено светло и нема забелешки конечно ќе ни биде одобрен од Светска банка и ќе пристапиме кон реализација. Причината што досега не ни се одобруваа парите од Светска банка беше поради немањето одобрение од УНЕСКО, објаснува Георгиески.

Инаку, процената вредност на проектот е околу 1,3 милиони евра и за негова реализација планирано беше да се обезбедат средствата од Светска банка. Со реконструкцијата е предвидено да се опфати должина од 992 метри квадратни на крајбрежниот дел во градската зона. Во рамки на реконструкцијата треба да биде изведена заштитна потпорна конструкција, а предвидено е отстранување на постоечките бекатон плочки и поставување на слој од полупропусен цемент, врз кој ќе бидат поставени гранитни плочи. Проектот предвидува и декоративни ѕидчиња од бетон обложени со камени плочки, врз кои ќе бидат поставени дрвени клупи. Исто така ќе биде поставена и нова урбана опрема како што се држачи за велосипеди, корпи за отпадоци, клупи, скали за пристап до водата, нови канделабри за осветлување, а ќе биде изведено и соодветно хортикултурно уредување.