Активностите за реконструкција на улицата „Гоце Делчев“ се во напредна фаза, вчера се постави првиот слој на асфалт.
Согласно проектот на улицата се постави атмосферска канализација, се уредија тротоарските површини и се поставува ново осветлување.
-Со поставувањето на сите слоеви асфалт Охрид добива уште една реконструирана улица по сите стандарди, вели во својата објана на Фејсбук градоначалникот Кирил Пецаков.