Skip to main content

Прв академски час

Со рекорден број студенти на УИНТ „Св. Апостол Павле“ започна новата академска година

Во Амфитеатарот на УИНТ„Св. Апостол Павле“ во Охрид, денеска се одржa првиот академски час од новата академска 2023/2024 година. Во просториите на факултетот седнаа новите 140 студенти, кои од оваа година наставата освен на Англиски ќе може да ја следат и на Македонски јазик.
 |  Голабовски Крсте  | 
Академски час УИНТ

Со рекорден уписен рок кој ќе остане запаметен по рекордниот интерес за студиските програми на Факултетите при УИНТ „Св. Апостол Павле“ во Охрид,  денес започна првиот академски час. 140 студенти седнаа во клупите на амфитеатарот, со жед за знаења, а некои и со надеж дека еден ден ќе бидат и тие дел од оваа престижна високообраозвна институција, која моментално ги нуди најбараните, најатрактивните и најплатените студиски програми и насоки. 

Устијана Речкоска Шикоска – проректор на УИН  Св.Апостол Павле Охрид.им посака успех на студентите,  и подвлече дека продолжуваат со нивната успешна приказна кон нови предизвици во новата академска година.

„Им посакувам многу успех, да бидат чесни, морални, да го чуваат интегритетот на универзитетот, на нашиот град Охрид и секако на нашата сакана држава. Најголем интерес оваа година имаше на Факултетот за компјутерски науки и инжинерство, но секако годинава студентите препорзнваат дека сите наши пет факултети се интересни и атрактивни.“ – изјави Устијана Речкоска Шикоска – проректор на УИНТ.

Атрактивен е и Факултетот за комуникацски мрежи и безбедност, Факултетот за примена на информатичко комуникациските технологии во бизнис и менаџмент, со новата бизнис програма Дигитална бизнис аналитика, Факултетот за АИ и роботика , заедно со нова и обновена студиска програма и програма на Е Влада и Факултетот за визуелизација мултимедија.

„УИНТ „Св.Апостол Павле“ како интегриран јавен универзитет, постојано а посебно интензивно сега оставрува соработка сега остварува соработка со индустријата. Односно со ИТ и другите компании, развиваме претприемнички дух кај студентите, дух на формирање на бизнис модели и свој понатамошен бизнис бидејќи ИТ индустријата многу го нуди тоа.“ – кажа Речкоска Шикоска.

Целокупниот академски кадар на универзитетот и административниот исто така, објаснува Речкоска, се најзаслужни за извонредниот уписен резултат оваа година. Особено во изведувањето на квалитетниот наставно-научен процес, кој несомнено е успешен особено со тековното логистичко, менаџерско и академско осовременување на институцијата, особено би9јдејќи станува збор за наука која бвуквално се менува од ден во ден, па следењето на современите научно истражувачки текови е императив.