Рекордна продажба на станови на „Адора Инженеринг“
Со продадени 46 елитни еко домови во октомври, што е над два пати повеќе од продажбата во октомври минатата година, Адора Инженеринг забележа најголема, рекордна месечна продажба на станови од постоењето на компанијата.
Со продадени 46 елитни еко домови во октомври, што е над два пати повеќе од продажбата во октомври минатата година, Адора Инженеринг забележа најголема, рекордна месечна продажба на станови од постоењето на компанијата.
Рекордната продажба на Адора Инженеринг на 1,5 стан дневно во октомври, се должи на реномето на компанија што нуди еко станови со докажана стабилност, висок квалитет и енергетска ефикасност, верификувано со првиот „енергетски пасош А-класа” во Македонија, за што постојано и аргументирано ги информираме купувачите и јавноста. Придонес имаат и поволните услови за станбеното кредитирање, со прифатливи каматни стапки и само 15 % учество, а дел од становите се продадени и со субвенции од државата со проектот „Купи куќа, купи стан”, за што огромен интерес имаше на саемот во Скопје. Рекордната продажба на станови што е резултат на посветената работа на сите вработени е сатисфакција и мотив, но и обврска компанијата и натаму успешно да се развива, следејќи и применувајќи ги современите европски стандарди за квалитетно домување во Македонија.”- порача проф. д-р Ванчо Чифлиганец, ген. дир. на Адора Инженеринг.
Адора Инженеринг,лидер во високоградбата во Македонија, заклучно со октомври годинава има продадено 270 енергетски ефикасни станови во Скопје и Охрид, што е значаен пораст во однос на минатата година. За успешното работење, овој градежен бренд има добиено 11 национални и 3 меѓународни признанија, меѓу кои е и Интернационалната европска награда за квалитет, доделена неодамна во Париз, Франција, од Клубот на водечките бизнис и трговски лидери во светот.
{loadposition content9}