Skip to main content

Ренџерите од Галичица прават проценка на оштетените стебла

Ренџерите од Галичица  прават проценка на оштетените стебла.

 |  Валентина Неловска  | 
suma
suma

 

Ренџерските служби во НП „Галичица“  започнаа со увид на оштетената шума од снежните наноси оваа зима. Досега увид не беше можен заради снегот кој сеуште го има на повисоките места. Планината Галичица натежнала под снегот како никогаш досега, вели шумарскиот инженер  Номче Новески од НП „Галичица“. Новески информира дека ренџерите излегле на терен на пристапните места за да ги констатираат  штетите од откорнати стебла и искршени грански на шумскиот фонд во паркот.
suma
„ Вакви штети досега сме немале. Ќе не чека доста работа иако тоа е во работните задачи на ренџерите и спаѓа во регуларните работни задачи. Сега водат записници и ги забележуваат штетите. Не е проблем штетите  да се утврдат и на повисоките места само да ни дозволи времето, да се крени снегот  и да може да се движиме низ теренот“, вели Новески.

Проценката направена на терен ќе се проследи до охридскиот шумарски инспектор од подрачната единица на министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Тој понатака треба да излезе на терен и да направи записник, па  да издаде решение по кое НП „Галичица“ ќе постапува. Скршените гранки и откорнатите дрва во паркот ќе мора да се расчистуваат. Новески објаснува дека шумата во паркот се протега на голема површина од  25.000 хекатри и расчистувањето ќе мора да заврши  до почетокот на летото. Мора да воспоставиме шумски ред со искршените и  полегнати стебла  за да не дојде до нови штети  на шумскиот фонд, подвлекува Новески.
suma„ Јас очекувам дека тоа е заштита од фитопатолошки и ентомолошки последици и сакаме да го заштитиме паркот од потенцијалните  пожари, тие се жариште или проширувачи идо карј на пролетта мора д а се среди тоа. Да се запази законската процедура, да се излезе на терен, да се најде решение од шумарскиот инспектор.Ние понатака ќе постапиме и ќе го расчистиме паркот“, напоменува Новески.
 
Засадување на нови стебла во националните паркови не се практикува според Законот за Национални паркови и Заштита на природата. Шумата се остава  сама да се обнови преку семенскиот материјал и младите изданоци. Во НП „Галичица“ повеќе е застапена листопадната шума со бука и даб, а во сосема мал дел има иглолисна шума.

{loadposition content9}