Skip to main content

Градска библиотека охрид

Републички натпревар на млади библиотекари во Охрид

НУ Библиотека „Григор Прличев“ Охрид, утре ќе биде домаќин на Републичкиот натпревар „Млади библиотекари“.
 |  инфодеск  | 
Читална библиотека

Утре со почеток во 12 часот во НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид ќе се одржи 21-от Републички натпревар „Млади библиотекари“.

Според пријавите за престижната титула „Млади библиотекари на годината“ ќе се натпреваруваат 20 ученици од цела држава кои претходно победиле на општинските натпревари и се здобиле со правото да учествуваат на Републичкиот натпревар.

Охрид ќе го претставува Марија Ѓиноска, ученичка во деветто одделение од ООУ „Живко Чинго“од Велгошти под менторство на наставничката по македонски јазик Снежана Стојаноска.

Во Охрид покрај натпреварувачите доаѓаат и нивните ментори, како и дел од директорите на Националните и Локалните библиотеки, а најавено е и присуството на Јелисавета Костадинова, директорката на НУБ „Св. Климент Охридски“ во Скопје.

Градската Библиотека од Охрид е домаќин на натпреварот заедно со БЗМ, а помогната од вљубеникот во книгите Илија Илоски, Жито леб, Општина Охрид и сендвичарницата „Пинокио“.