Решавањето на секој проблем влијае врз квалитетот на живеење во заедницата
Големата дупка на патот Пештани-Охрид за која реагираа граѓани во рубриката „Ти си твојот град“ е санирана.
Големата дупка на патот Пештани-Охрид за која реагираа граѓани во рубриката „Ти си твојот град“ е санирана.
Пред една недела ТВМ ги објави фотографиите од жителка на Охрид која посочи во рубриката ТиСиТвојот Град оштетување на коловозот на патот Пештани Охрид, кое е опасно за безбедноста во сообраќајот на тој потег, но и за возилата.
Дупката се наоѓа на излезот од Пештани кога се движиме накај Охрид и е опасна бидејќи е длабока и мора самото возило да се префрли на другата лента за да ја одбегне, што сметам дека е опасно за сообраќајот – напиша граѓанката.

Следуваа коментари на социјалните мрежи дека не е само таа една дупка проблем на тој патен правец, дека тоа е нормална појава на улиците, дека оштетувањето е старо повеќе од 5 години и никој не води грижа и бесполезно е да се посочуваат таквите проблеми.
Но, неколку дена по објавата на граѓанката коловозот на тој потег е саниран.

Иако разните проблеми во градот за секој граѓанин поединиечно не се подеднакво важни или приоритетни, сепак секој проблем од било која сфера треба да се посочи бидејќи неговото решавање е важно за квалитетот на живеење на целокупната заедница. Во Рубриката ТиСиТвојотГрад граѓаните секојдневно испраќаат фотографии со укажувања или ги пополнуваат анкетите со што покажуваат свесност за значењето на граѓанскиот активизам.