Skip to main content

Решенија за работен однос во образованието добија 67 охриѓани

На 67 лица од образовниот систем во Охрид, денес им беше решен работниот статус. Градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески истакна дека лицата кои денес ги добија решенијата во рака, во иднина ќе бидат ослободени од притисокот за нивниот нерешен работен однос така што комплетно ќе можат да се посветат на образовниот процес во општина Охрид.

 |  Николоска Биљана  | 

 

Доделени 67 решенија за работен однос на наши сограѓани од сферата на образованието. Решенијата им ги врачи градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески и заменик министерот за образование Спиро Ристески, на пригодна свеченост во Локалната самоуправа. Градоначалникот Бакрачески истакна дека општина Охрид посветува силно внимание на подобрување на наставно научниот процес во образовниот систем на ниво на општина Охрид, како и во подобрување на условите за изведување на настава.

„Со тоа тие го решија нивното основно животно прашање, вработувањето, што им обезбеди стабилна егзистенција во иднина и се разбира дека ослободени од притисокот за можноста во иднина да не добијат такво решение, сега ќе можат комплетно да се посветат и на образовниот процес и на своите семејства“ – вели Бакрачески.

Заменик министерот за образование Спиро Ристовски истакна дека денешната бројка на доделени решенија само го зголемува бројот на лица кои трајно го регулираат својот работен однос во рамки на образовниот систем на Р. Македонија.

 „Сите лица кои што имаат соодветен работен ангажман во рамки на образовниот процес, потпаѓаат под делот на можноста за трансформација. Станува збор за наставници од основно и средно образование, како и технички кадар од редовниот процес на образование, согласно законот минимум 2 години тие лица треба да бидат работно ангажирани од соодветното училиште или општината – истакна Ристески.

Инаку како што истакна Ристовски откако започнале со овој процес во 2009 та година, околу 9.000 лица добиле трајни решенија во рамки на системот за образование.