Ресорното министерство за земојделие ќе прави Стратегија за изградба на хидро мелиоративни системи
Екстремните климатски промени предизвикуваат огромни штети на земјоделското производство. Меѓу проблемите со кои се соочуваат земјоделците ,а за кои ќе се бара решение е изградба на системи за наводнување и техники за заштеда на вода. Ова беа дел од темите на онлајн работилницата што ја организираше Организацијата за храна и земјоделство при ООН, ФАО, а на која присуствуваше и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски.
Земјоделството е особено чувствително на екстремни временски услови и катастрофи. Климатските промени предизвикуваат големи штети на земјоделското производство и влијаат на руралната егзистенција и сигурноста на храната. Ова беше тема на онлајн работилницата што ја организираше Организацијата за храна и земјоделство при ООН, ФАО, а на која присуствуваше и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски. При презентацијата на новиот проект за климатски промени „Зголемена отпорност на земјоделскиот сектор преку промовирање на пaметни климатски практики во земјоделството” беше оценето дека особено ранливи на климатските промени се малите земјоделски стопанства поради нискиот капацитет за адаптација предизвикан од низа фактори меѓу кои ограничена едукација за влијанијата на климатските промени, недостаток на средства за тестирање и демонстрација на адаптивни земјоделски практики, недоволни системи за наводнување во однос на капацитетите и техниките за заштеда на вода.
„Стратегијата ќе биде насочена кон дијагностицирање на проблемите и дефинирање на концепт на развој и одржливост на хидро мелиоративните системи во Република Северна Македонија во наредните 20 години, а ќе се утврди и потребата од инвестиции во постоечката инфраструктура, како и градење на нови системи согласно потребите на земјоделското производство“, соопшти Димковски.
Во рамки на новиот проект, ФАО ќе му помогне на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство да развие нова стратегија за наводнување. Дополнително, ќе се обезбеди техничка поддршка за унапредување на дел од активностите на Управата за хидрометеоролошки работи, подобрување на размената на климатски информации и нивната примена во земјоделството, како и поддршка за други политики како Методологија за штети и загуби во земјоделството како резултат на природни катастрофи. Од Министерството за земјоделство посочуваат дека со овој проект ќе се применуваат нови, климатски паметни технологии на терен со цел да се приближат до земјоделците.