Ретка е навиката на превентивни прегледи на очите
Глаукомот, катарактата и дегенерацијата на макулата се три најчести заболувања од кои страдаат повозрасните пациенти.
Глаукомот, катарактата и дегенерацијата на макулата се три најчести заболувања од кои страдаат повозрасните пациенти. Тоа се болести на окото кои претходно не даваат симптоми на болка, а може трајно да го оштетат видот, информира офтамологот д-р Виолета Павловска.
„ Овие три очни заболувања се најчести во популацијата од 55 годишна возраст. Најтипично е за нив што не даваат болка, а даваат трајни оштетувања на видот. Затоа е важно на време да се откријат, лекуваат и правилно да се интервенира.“
Луѓето многу ретко практикуваат превентивни прегледи на окото. Многу малку се посветува внимание на очните заболувања за кои нема болни симптоми. Најчесто пациентите се јавуваат кај специјалистите кога ќе почуствуваат болка, посочува д-р Павловска.
„ Не е многу голeма зачестеноста на превентивните прегледи, а се многу потребни. Најчесто превентивните прегледи ги прават луѓето кои имаат веќе болен во фамилијата и ги знаат симптомите. Но, и во такви случаи сме имале ситуации кога доцна дошле на прв преглед.“
Д-р Павловска апелира луѓето над 40 годишна возраст еднаш во текот на годината да прават превентивни прегледи покрај контролата на видот и прегледи на очното дно и очниот притисок. Павловска утревечер во 18 часот во градската библиотека на покана на Женскиот центар „ Бисера“ ќе одржи едукативно предавање на тема „Најчестите очни заболувања“.
{loadposition content9}