„Ретко е да си редок“ со подарок за првата дама
Гордана Лолеска, претседателот на Македонија Стево Пендаровски и првата дама Елизабета Ѓоргиевска го поминаа Велигденското претпладне во разговор во претседателската вила во Охрид. Од името на лицата со ретки болести на проф. д-р Елизабета Ѓоргиевска, поради нејзината безусловна поддршка, грижа и емпатија, здружението „Ретко е да си Редок“ и подари специјален брош изработен од филигран со логото на ретките болести изработен од вредните раце на Павлина Шикалеска.
Таа е вистински пријател кога станува збор за унапредување на квалитетот на живот на овие пациенти. Како дел од тимот „Ги запознаваме ретките болести” проф. д-р Ѓоргиевска ни влева надеж и сигурност дека во борбата за подобар живот на нашите деца не сме сами. Како родител и активист за ретките болести среќна сум што во државата има личности како неа кои имаат слух и емпатија за пациентите, но и за нас како родители што дополнително не мотивира никогаш да не се откажеме – истакна Лолеска.
Таа додава дека ваквите неформални средби се ретки затоа што се искрени и затоа што најотворено се зборува за предизвиците со кои се соочуваат лицата со ретки болести и нивните семејства, се радуваат на успесите и од секој разговор стануваат подобри.
Се надевам дека овој пример ќе го следат и другите општествено одговорни чинители затоа што само заеднички можеме да делуваме и само заеднички можеме да направиме позитивни промени, порачува Гордана Лолеска честитајќи го Велигден на граѓаните.