Skip to main content

Градежни активности

Резервоари за вода во Свиништа и Лакочереј

По овие активности се очекува подобрување на системот за водоснабдување и поквалитетно приклучување кон системот за вода на сите домаќинства од овие селски средини.
 |  инфодеск  | 
Резевоар за вода

По налог на Општина Охрид започнаа градежните активности за реконструкција на резервоарот за вода и изградба на нов цевковод во с. Свињишта. Проектот се реализира со средства од буџетот на локалната самоуправа во вредност од 335 191 денари.

Во моментов се работи и на реконструкција и санација на резервоарот за вода во с. Горно Лакочереј. Вредноста на проектот е 1 354 247 денари.

Изведувач на градежните активности е фирмата „БОКОП“ од Струга.

По овие активности се очекува подобрување на системот за водоснабдување и поквалитетно приклучување кон системот за вода на сите домаќинства од овие селски средини.