Резиденцијални објекти ќе се градат во Андон Дуков
Повторно ќе заживее некогаш најпосетувано одморалиште Андон Дуков на охридското крајбрежје. На овој локалитет кој се протега на 30 хектари земја предвидена е изградба на резиденцијални објекти како што информираа од Секторот за урбанизам на општина Охрид. Во моментов покрената е постапка за урбанизација, за што пак од Министерството за земјоделие се чека пренамена на земјиштето од земјоделско во градежно.
Резиденциjални објекти ќе никнат кај Андон Дуков некогашното најпосетувано одморалиште на Охридското крајбрежје. На последната седница на охридскиот Совет беше усвоена предлог одлуката за прифаќање на иницијатива за изработка на урбанистички план за овој атрактивен локалитет.
Изградба на резиденцијални објекти била предвидена во основниот урбанистички план кој бил донесен 80 тите години како што нагласи Бранко Арнаудов од Секторот за урбанизам. Но со измените на законот во 2013 година бидејќи основниот план не беше усогласен со новата законска регулатива, тој план се стави вон сила и во моментов нема никаква урбанистичка планска документација, додаде Арнаудов.
„Покрената е е постапка за урбанизирање на тој простор од 30 хектари во тек е постапка пред Министерството за земјоделие од каде што чекаме пренамена на земјиштето од земјоделско во градежно бидејќи дел од тој простор со претходниот урбанистички план беше опфатен како градежно земјиште и дел од просторот беше опфатен како земјоделство и согласно законската регулатива ние сме должни да побараме од министерството пренамена на земјиштето, после добивање на пренамена на земјиштето ја отпочнуваме постапката за урбанизација“ – вели Арнаудов.
Во меѓувреме додека се изврши пренамена на земјиштето на локалитетот кај Андон Дуков од Секторот за урбанизам информираат дека работат на изготвување на документацијата согласно Законот за просторно планирање.
„Во тек е изработката на ажурирани геодетски подлоги и по добивањето на согласнота од министерството и ажурирањето на геодетските подлоги ќе се изготви планска програма која понатаму оди во постапка согласно законот за просторно планирање за донесување урбанистички план вон населено место каде ќе биде предвидена изградба на резиденцијални објекти“ – изјави Арнаудов.
Денес од некогаш најпосетуваното одморалиште Андон Дуков нема ниту спомен. Само искршените камп приколки, руинираниот ресторан, бунгаловите во распаѓање говорат дека оваа атрактивна локација е оставена на забот на времето долги години.
{loadposition content9}