Денес во 19:00 во Ohrid Mall, ќе биде одиграна детската театарска претстава „Рибарот и златната рипка” во изведба на театар Колозов.
-,,Рибарот и златната рипка” е сказна позната за сите нас од А.С.Пушкин, преточена e во незаборавно театарско доживување со адаптација за најмалите од Шенка Колозова. Целта на ова дело е да покаже пример за добрината, дарежливоста, алчноста и границите на еден мек, забавен, хумористичен и бајковит начин, велат организаторите.
Во претставата играат: Владо Дојчиноски (рибарот), Пируника Киселички (Златната рипка), Дубравка Киселички (бабата) и Давид Илиќ (раскажувачот/слуга).
Претставата е за деца 3+ години до 13 години, а е дел од програмата на Општина Охрид, Културата расте со децата „За сите деца“.