Skip to main content

Рибна чорба за Гинис

За денот на рибарите охриѓани подготвија 3,3 тони рибина чорба за Гинис.

 |  Маленкова Татјана  | 
kazan corba Ginis
казан чорба гинис

Охриѓани подготвија 3,3 тони рибина чорба, со која најверојатно го соборија Гинисовиот рекорд поставен од американски колеџ, за најголема количина рибна чорба. Сето ова се случуваше вчeра под будното око на преставниците на Гинис, на празникот Св. Јован кога традиционално се одбележува Денот на рибарите.

„Еве можам да кажам дека Гинисовиот рекорд е соборен, затоа што тој досега изнесуваше 3 тони и 25 литри corba za Ginisрибна чорба, а ние правиме 3 тони и триста. Се е снимено и заверено на нотар. Направивме се според инструкциите на Гинис“, вели Љупчо Арнаудов, преставник на здружението Богојавление.

Чорбата за Гинис три дена ја подготвуваа професори и ученици од средното угостителско училиште „Ванчо Питошески“ од Охрид, а потребните намирници ги обезбеди фирмата „Дасс инженеринг“.

„Сите кои ќе донираат за овој ден ќе бидат благословени. Јас мислам дека секој македонец треба да вложи максимално напори и сите кои можат треба да учествуваат во оваа манифестација и заедно сите следната година да направиме уште подобра и повеличенствена манифестација“, вели Сандре Трпоски кој е и спонзор на рибната чорба.

Највкусната чорба, како што ја нарекуваа сите кои ја вкусија или 11 те илјади порции вчера се делеа бесплатно на сите и тоа не само на присутните на манифестацијата, туку чорбата ја вкусија и во општата болница и останатите здравствени установи, социјалните семејства, гостите во охридските ресторани.

Чорбата се делеше во пластични чинии, а оние кои сакаа овој ден и чин да го паметат можеа да си купат земјена чинија која по употребата ќе им остане како сувенир, за симболична цена од 50 денари.
Денот на рибарите познат по фрлањето на буриња со вино. Годинава најмногу среќа имаше Петар Рупески од Варош кој доплива до бурето со црвено вино, кое му донесе наградно патување што го обезбеди Т.А. „Вис Пој“.
Манифестацијата беше збогатена со староградска музика која во живо ја изведуваа триесеттина охридски Den na ribari музичари и изложби на рибарска опрема и фотографии. Меѓу капачите кои скокаа по бурињата беше и поранешниот евроамбасадор Ерван Фуере, кој не можеше да го скрие своето воодушевување од манифестација, поради која специјално доаѓа во Охрид.

Меѓу присутните на вчерашната манифестација имаше и постари охриѓани кои го имале фатено крстот повеќе пати и кои се присетија на празнувањето на овој празник пред многу години.   

За Денот на рибарите вчера на градското пристаниште поточно пред ресторанот Чун беше организирана изложба на риболовен алат, која и тоа како го привлече вниманието на присутните на цалата манифестација.

{loadposition content9}