Рибници најатрактивни на оглaсот за закуп на државно земјиште
Во околината на Охрид , поединци и фирми, домашни и странски, ќе можат да подигаат маслинарници, овоштарници, оранжерии, рибници, спортско рекреативни терени и да развиваат рурален туризам.
Во околината на Охрид , поединци и фирми , домашни и странски, ќе можат да подигаат маслинарници, овоштарници, оранжерии, рибници, спортско рекреативни терени и да развиваат рурален туризам. Во тек е огласот на министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за издавање под закуп на 5600 хектари државно земјоделски површини, а меѓу нив се и парцели во три охридски села. Според огласот, земјоделски површини ќе се издаваат: 2 во Свиништа една од 2800 м2, а другата од 4036 м2, парцела од 1378 м2 во Ботун и до 3000 м2 во Скребатно.
Од подрачната едница на министерството за земјоделство велат дека за само два дена од објавата на огласот, закупот на земјиштето предизвикал огромeн интерес. Најмногу се интересирале за градење на рибници.
По 6 ноември, до кога трае огласот, Комисијата од ресорното министерство ќе одлучува по доставените апликации врз неколку критериуми. Најмногу бодови, 30 ќе се добиват за оддалеченоста од местото на живеење, односно седиштетото на понудувачот, со 25 бода ќе се оценува понудата на закупнината по хектар, 30 поени ќе има за правниот статус на понудувачот и најмалку 15 бода ќе се добива за видот на планираното производство.
Право на учество на јавниот оглас имаат домашни физички и правни лица и странски правни лица.
Услов да се добие земјиште под наем од 15 до 50 години, во зависност од намената на дејноста, е физичките лица да се регистрирани вршители на земјоделска дејност и запишани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства.
Можност за апликација имаат и трговци поединци, на кои земјоделското производство или преработката на примарни земјоделски производи им е една од дејностите со кои се занимаваат.
Странските правни лица имаат право да учествуваат на јавниот оглас доколку имаат регистрирано преставништво во земјава.
{loadposition content9}