Рибокрадство
Рибокрадци го пустошат Охридското езеро
Вонредната состојба им оди во прилог на рибокрадците. Од Радожда до Трпејца се изловува и на „црно“ се продава ендимичната риба. Езерото е без концесионер, контроли врши полицијата.
| Соња Рилковска | Охрид
Криволовците ја користат вонредната состојба и полицискиот час за нелегално изловување и профит.Најризично е во селата Радожда, Калишта, Пештани и Трпејца. Се изловува и на „црно“ се продава ендимичната риба, која со децении е на работ на исчезнување.Изминатиот период езерската полиција со засилени контроли, „улови“ рибокрадци со 300 парчиња разновидна риба и 220 рибарски мрежи. Поднесени се десетина кривична пријави.– „Одземени се 122 килограми најразновидна риба околу 23 000 метри рибарска мрежа и повеќе други риболовни алата и прибор, секако одземени се и кајчиња “, вели Стефан Димоски портпарол на СВР Охрид.Еколозите повикуваат да се стави крај на нелегалниот риболов и овој црн бизнис од кој со години профитираат групи луѓе. Езерото да не се издава под концесија, да се користи само за спортски риболов.-„Само спортски риболов со туризам. Мрежи никако користење и да се чува сателитски никој да не може да влезе. Одма сателитски се гледа кој е ќе биде фатен притворен и казнет. Во светото денеска сегде така се работи“ , вели Лазо Наумоски еколог.Поради непочитување на договорот, пред три месеци министерството за земјоделие му ја раскина концесијата на фирмата „Летница Белвица“. Па затоа годинава Охридското езеро не е порибено со подмладок пастрмка.