Промоција на виртуелната реконструкција
Римска гробница од Видобишта
Настанот ќе се одржи на 21.10.2022 година (петок) со почеток од 14 часот во дворот на Културниот центар „Лапидариум“ во Музејската зграда Куќата на Робевци.
Здружението за заштита и одржлив развој на животната средина „Регионален зелен центар“ Охрид во соработка со НУ „Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј“ Охрид ве поканува на промоција на виртуелната реконструкција на римската гробница од Видобишта во Охрид.
Проектот е финансиран со годишната врз основа на Одлуката за финансирање на проекти од Програмата за поддршка на локалниот економски развој и туризмот на Општина Охрид за 2022 година.

Настанот ќе се одржи на ден 21.10.2022 година (петок) со почеток од 14:00 часот во дворот на Културниот центар „Лапидариум“ во Музејската зграда Куќата на Робевци.


