На 11.01.2024 година во 18.40 часот, во СВР Охрид лишен од слобода е 56 годишен маж од Охрид кој, претходно во семејниот дом, агресивно се однесувал кон членови на неговото семејство. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид.