Skip to main content

Енергетика

РКЕ станува надлежна и за отпадот

Oва тело покрај утврдувањето и регулирањето на енергетскиот сектор во земајва, ќе биде надлежно за управување со комуналниот отпад.
семинар

Регулаторната Комисија за Енергетика официјално веќе врши надзор на спроведувањето на Законот за енергетика, работењето на носителите на лиценци и примена на прописи за управување со комунален отпад. Тие исто така вршат увид кај давателите на водни услуги и кај давателите на услуги за управување со комунален отпад..Марко Бислимовски, директорот на РКЕ, од Охрид објасни, дека тие сега ќе ја определува цената за комунален отпад, но не очекува ценовни шокови.

„Бараме од јавните комунални претпријатија да ја зголемат својата ефикасност во работењето. Во најголем дел од општините, псоебно оние малите и средните општини, ЈП вршат и давање на водни услуги и собирање на комунален отпад. Ќе се базира на претходната методологија и не очекувам да има некакви ценовни шокови. Ако следите, одредени општини во изминатиов период ја корегираа цената за комунален отпад“, – кажа Марко Бислимовски – директор РКЕ.

Освен што ќе ја определува цената за комуналниот отпад, ќе се донесе друг сет подзаконски акти кои на ЈКП ќе им овозможат од собирањето на комуналниот отпад да направат и бизнис. Како што е во останатите европски држави, порача Бислимовски.

„Јас го гледам ова како одлична можност за заработка на јавните комунални претпријатија.ЈКП во одредени региони ќе може да се здружуваат, да градат посторјки за производство на електрична и топлинска енергија од отпад. Или тој отпад да го продаваат на некоја друга компанија во државата“, – кажа Марко Бислимовски – директор РКЕ.

Новото име на комисијата е Регулаторна комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија, но и понатаму скратеница за ова тело останува РКЕ.