Skip to main content

Родителите разочарани од проектот „Бејби бум“

Фатмире Ибраимоска тоа го почуствува на своја кожа.Две години бара право за надоместок за  нејзиното четврто дете.

 |  Николоска Биљана  | 
semejstvo ibraimovski
семејство ибраимовски

Без паричен надомест за четвртото дете остана Фатмире Ибраимоска, за малата Мевлана од Охрид. Таа, година и седум месеци тропа од врата на врата по институциите, барајќи ги своите права за користење на надоместок за четврто дете. Но, до ден денес ништо од тоа. Ибраимоска вели дека ги исполнува условите за паричен надомест кој и следува за нејзината ќерка, но таа е крајно разочарана од односот на луѓето од надлежните институции кои треба да и го овозможат тоа право.

Fatmire Ibraimovska„Уште од првиот ден одам по институции да го барам правото на моето дете кое му се следува. Одам кај Лилјана од Социјалното и таа секогаш ми вели дека немам право на ништо, ниту ги прима ниту ги гледа документите. Поселе неколкуте неуспешни обиди кај Лилјана, побарав правна помош. Спроред адвокатот моите документи одговараат и за трето и за четврто дете “ вели Фатмире.

Постапката трае долго, вели Ибраимоска. Додаде дека  до ден денес не го знае ставот на Министерството  за труд и социјална политика во врска нејзиниот проблем, освен оној од Меѓуопштинскиот Центар за социјална работа

„Јас отидов кај Екрем. Тој ми кажа дека немам право за трето и четврто дете закон нема и да ти одредат од Скопје кај мене ќе ти биде одбиено. Прашав зошто, тој вели нема шанси зошто ми се појавуваш после седум месеци, видите јас на мирен начин дојдов уште од првиот ден со документите но вие ниту ги погледнавте ниту ме сослушавте, ме избркавте“ очајна е Фатмире.

Fatmire IbraimovskaНикој не може да ми го ускрати правото за надоместок за трето и четврто дете бидејќи ги исполнувам условите согласно законот, вели Ибраимоска. Таа додава дека едвај врзува крај со крај во месецот бидејќи до пред 3 месеци не работела ниту таа ниту нејзиниот маж и живееле од социјална помош од 2 500 денари. Сега се вработил сопругот кој носи плата од 7 000 денари што средства не се доволни за основните потреби на едно 6 члено семејство. Ибраимоска вели дека Мевлана наместо млеко пие вода.
ТВМ за овој случај побара став од ЦСР. Првиот човек на центарот, Екрем Каљоши, вели дека во овој случај постапено е согласно законот и запазена е процедурата. Додава дека барањето за остварување на правото за паричен надомест за четврто дете е доставено на 11.05.2011, за дете Мевлана Ибраимоска, која што е родена на 01.07.2010. и истото е одбиено бидејќи не е запазен рокот.
Додека пак адвокатот кој ја застапува Ибраимоска, и кој поднесол жалба против решението на ЦСР,смета дека оваа институција направила пропусти во врска остварување на родителско право за надомест. Тој дал препорака до Министерството за за труд и сопцијална политика да ја прифати жалбата како навремена, допуштена и изјавена од овластени лица, жалбата да најде дека е оправдана, да го поништи решението на ЦСР и да го уважи барањето на Фатмире Ибраимоска како основано дека таа остварува право на парична помош за четврто дете. Се чека одлука од Управерн суд, каде што во моментов е предметот.

{loadposition content9}