Продолжуваат успесите на учениците од Методи Патче
Продолжуваат успесите на учениците од Методи Патче.
Учениците од музичкото училиште Методи Патче нижат успеси. 7 – мина ученици освоија први и втори награди на државни и меѓународни натпревари. Во Италија, Дојран и Гевгелија се претставија со својот талент и музичка наобразба стекната под раководство на своите професори. Матеа Стоев заврши 3 година кај професорката Билјана Зафирова. Матеа за искуството од музичкото натпреварување вели дека воопшто немала трема.
„Пред една недела бев на меѓународен натпревар во Гевгелија и освоив прво место. Имаше комисија други земји , а исто така и натпреварувачи од Србија, Бугарија и Македонија“, кажа Матеа Стоев.
Александар Грунчевски со освоено прво место за виолина , Ивона Базгалоска второ место пијано и Марија Џуклеска , виолина второ место, се вратија од Италија од меѓународниот натпревар Еуртерпе. Грунчевски искрено го споделува чувството пред настап поврзано со возбудата и тремата пред натпреварот.
„ Сигурно имaвме трема имаше деца од цел свет. Од Русија, Италија, а и жирото беше од музичари од повеќе земји. Покажавме дека можеме колку и сите останати“, рече Грунчевски.
Клавирското трио , пијано Коруноска Мила и виолини Димитар Гаврилоски и Бајрам Рамаданоски, пак успешно се претставија на Арт фестивалот Дојрана. Од таму се вратија со врвна награда.
„ Не подготвуваше професор Кирил Белистојаноски Добивме прва наград, а прва освивме и на државниот натпревар во Скопје“, истакна Бајрам Рамаданоски.
Даниел Мојсоски на виолина, во класата на професор Елица Џуклеска, по втор пат настапуваше во Италија на музички фестивал Темпиесто во Рим. Неговото гостување беше награда од учество на фестивалот „ Охрид те сакам.“
„ Ова ми е втор пат да гостувам на фестивалот. Свирев во Катедралната црква Свети Никола, а се претставив со Летот на Вивалди и Севдена Черкмен“, одаде Мојсоски.
За последниот успех на охридските талентирани ученици од музичкото училиште свој продонес секао имаат и професорите Билјана Зафироска, Елица Џуклеска, Кирил Белистојаноски и Даниел Чуркоски.
{loadposition content9}