Skip to main content

Рокот за поднесување Годишна даночна пријава истекува на 15-ти март

Само потсетување за сите оние граѓани кои во текот на 2013 година, покрај својата плата или пензија, оствариле и дополнителни приходи од кирија, хонорар или добиле добивки на наградни игри, обврзани се да поднесат Годишна даночна пријава најдоцна до сабота 15-ти март 2014 година, информираат од УЈП.

 |  Голабовски Крсте  | 
лого
Logo

ујпСамо потсетување за сите оние граѓани кои во текот на 2013 година, покрај својата плата или пензија, оствариле и дополнителни приходи од кирија, хонорар или добиле добивки на наградни игри, обврзани се да поднесат Годишна даночна пријава најдоцна до сабота 15-ти март 2014 година, информираат од УЈП.

Даночниот обврзник кој остварува само приходи од плати или пензии, само приход од земјоделска дејност или само приходи од самостојна дејност не е должен да поднесува Годишна даночна пријава.

Сите даночни обврзници кои нема да поднесат Годишна даночна пријава во пропишаниот рок, ако пријават приходи во помал износ или воопшто не ги пријават приходите, ќе им биде изречена глоба во согласност со законската регулатива.
Годишната даночна пријава може да се поднесе лично до некоја од даночните канцеларии на УЈП или по електронски пат.

{loadposition content9}