Романска делегација од Решица во посета на Охрид
Во посета на општина Охрид денес беше градоначалникот на општина Решица, Михаи Степанеску од Романија. Домаќинот, заменик градоначалникот Ангел Јанев изрази благодарност од посетата и рече дека очекуваат плодна соработка во наредните неколку години.
Прва официјална средба на двата града, македонскиот Охрид и романскиот Решица. Тоа значи почеток на пријателски односи и можност за воспоставување на идна соработка во делот на образованието, спортот, културата и економијата . Двете страни ги разгледаа и можноста што ги нудат Европските фондови околу реализација на заедничките проекти за период 2014- 2020 година.
„Ова е прва средба, благодарни сме што денес тие беа наши гости разговаравме на теми поврзани за и околу некои проекти од повеќе облести. Споменавме делот на турзмот, образованието, културната соработка, културното наследство и се она што е интересно за Охрид. Колегите од Романија пријатно се чуствуваат во нашиот град и се надевам дека ова ќе биде почеток на една плодна соработка“ – вели Ангел Јанев заменик градоначалникот.
Дојдовме во посета на општина Охрид со цел да ги согледаме можностите за соработка на полето на културата, економијата, заштита на животната средина, за да можеме да аплицираме на Меѓународни проекти и истите да ги имплементираме во иднина, истакна градоначалникот на општина Решица Михаи Степанеску од Р. Романија.
„Останува да решиме заедно неколку приоритети за да можеме да Ви кажеме до каде сме стигнале. Јас го повикувам г-динот потпретседател на општина Охрод во Решица нашиот индустриски град, каде има и туризам. Сакаме да дојдете кај нас и заедно да видиме што можеме заедно да направиме за доброто на нашите заедници“– рече Степанеску.
Делегацијата од Романија беше воодушевена од се она што име го нуди нашиот туристички град. Гостите од Романија со убавините на Охрид се запознале преку тамошните електронски медиуми и велат дека тие се единствени и посебни во светот и вреди да се видат.
{loadposition content9}