На 11.05.2023 година во 20.30 часот, на магистралниот пат Охрид-Струга, полициски службеници од ОВР Струга, сопреле патничко возило „Сеат Кордоба“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 38 годишно лице од Скопје.
„При преглед во возилото, пронајдена и одземена е една најлонска кеса со опојна дрога Марихуана. Тој е лишен од слобода и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.“ – информираат од СВР Охрид.