Розите се враќаат во Охрид
Во акцијата на Министерството за животна средина „Македонија земја на цвеќето- земја на розите“ што ќе се одржи на овој петок, 21-ви март, со активности на Одделението за заштита на животната средина и Одделението за образование, ќе се вклучи и општина Охрид.

Локалната самоуправа во содејство со ЈП „ Охридски комуналец“ ќе организира граѓанска акција, во која на претходно определени јавни парковски површини ќе се засадат рози, а во основните училишта ќе се организираат продажни изложби на рачно изработени предмети. Во дворовите на основните училишта, во рамките на акцијата, ќе биде организирано засадување на рози.
На 21-ви март, под мотото „ Македонија земја на цвеќето- земја на розите“ во сите региони ќе бидат засадени 100 илјади рози. Освен визуелниот ефект што ќе се постигне, акцијата ќе има и еколошко значење бидејќи розите се познати по нивната карактеристика за извлекување на тешките метали од почвата.
{loadposition content9}