Руинирана куќа во старата охридска чаршија опасност за минувачите
Руинирана куќа во старата охридска чаршија опасност за минувачите.
Над главатa на минувачите во охридската стара чаршија од еден кров на стара и руинирана куќа виси железен предмет. Најверојатно станува збор за дел од рѓосан и искршен олук кој секој момент може да се откине и падне. Покрај металниот предмет кој букавлно виси во воздухот, во ништо подбра состојба не е и стреата и металната ограда од некогашниот балкон.
Во нејзина непосредна близина се наоѓаат продавници, угоситетски објекти, фризерници. Надлежните, пред се инспекторите од општинскиот комунален инспекторат, како да замижале пред проблемот. Не презеле мерки со кои ќе им наложат на сопственикот или сопствениците да се погрижат од објектот да ги отстранат потенцијалните опасни предмети кои може да ги повредат минувачите.
Нашиот обид од локалната самоуправа да ни одговорат кој е надлежен да интервенира, според Законот за заштита на старото градско јадро каде што се наоѓа објектот, не вроди со конкретен одговор.
Од Завод и музеј пак, директорката се огради од било каква надлежнсот и кусо кажа дека ако објектот не е поединечно заштитен тие не се надлежни да интервенираат.
Досега имаше ситуации каде за надлежностите во старото градско јадро според недоречености во законот никој да не е надлежен и одгoворностите се префрлаат од една на друга институција,а за сериозноста на можните последици никој да не презема конкретни активнсоти.
А доаѓа зима каде што под налетот на ветерот, дождот и снегот ситуацијата со објектот ќе станува се посериозна.