Skip to main content

РУМОР полека но сигурно излегува од националните рамки

На ревијата „Направено во Македонија: Современ дизајн накитен со минатото”, најзабележителна колекцијата на модниот концепт РУМОР на охриѓаните Алек Бимбилоски  и Лејла Гогова. РУМОР полека но сигурно излегува од националните рамки и станува интересен и на светските ревии.

 |  Јаковлева Лионела  | 

Познатиот охридски дизајнер Алек Бимбилоски и Лејла Гогова, неговиот партнер во модниот концепт РУМОР, беа дел од ревијата „Направено во Македонија: Современ дизајн накитен со минатото”. Овој моден настан се одржа во Скопје на иницијатива на сопругата на американскиот амбасадор во Македонија, Џес Бејли. Впечатоците по ревијата и присутноста на охридскиот бренд „Румор“ во Скопје, преку Галеријата Акантус со нас ја сподели дизајнерот Бимбилоски.


Организацијата беше добра, но малку имаше предолги говори пред самиот почеток на ревијата, но во главно се протече во ред. Нашава колекција малку отскокна од сите останати. Имавме многу позитивни критики и на социјалните мрежи и по медиуми бидејќи се претставивме со нешто многу посовремено и помодерно од она што го покажаа останатите дизајнери, кажува Бимбилоски.


Ревијата започнала со концептот „Румор“. Продефилирале триесет и шест модели во креации на 12 македонски дизајнери, инспирирани од носијата на македонската жена. Секој креатор имал по три креации.


Сакавме малку да бидиме поразлични. „Румор“ со својата ин хаус колекција оваа сезона ја потенцира поддршката за победа на хуманизмот во светот која преку призма на модата, со елементи на традиционалното македонско знаење го претставува на ултра модерен начин, вели Бимбилоски.

Бимбилоски кажува дека Концептот „Румор“ е во чекор со светските модни движења бидејќи имаат изградени креатори, со свој личен печат. Можност им се дава и на младите креатори кои допрва треба да се докажуваат. Тој вели дека покрај креативност за успех потребна е и храброст и уникатност да се биде поразличен од другите. Инаку Rumor Limited колекцијата и другите колекции, покрај во Охрид, од сега можат да се купат и во Скопје. Од неделата овие уникатни парчиња ги има во галеријата Акантус.