Skip to main content

Руски олигарх, поранешен офицер на КГБ, слета во Охрид

Денеска во 12 часот од Москва со директен лет до Охрид, на охридскиот аеродром „Св.Апостол Павле“, слета рускиот олигарх, Николај Токарев.

 |  Голабовски Крсте  | 
Nikolaj Tokarev
Николај Токарев

putin i tokarevДенеска во 12 часот од Москва со директен лет до Охрид, на охридскиот аеродром „Св.Апостол Павле“, слета рускиот олигарх, Николај Токарев.

Токарев, кој наводно бил поранешен офицер на КГБ кој еден период бил на служба во Источна Германија, на аередромот бил пречекан од Миле Зечевиќ, поранешен директор на Управата за контраразузнавање и безбедност на Република Македонија. Зечевич и Токарев се упатиле кон Дебар.

Инаку Токарев моментално е претседател на руската компанија за дистрибуција на гас, Транснефт.

Миле ЗечевиќНеговото име во неколку наврати се поврзува со сегашниот руски претседател Владимир Путин, и во периодот додека Путин бил оперативец на КГБ во Источна Германија, и во периодот од 1996-1999 година, кога Путин работеше во претседателксиот кабинет, на Борис Јелцин.

Во биографијата на Зечевиќ пак стои дека бил шеф на кабинет, на Министерот за одбрана Владо Бучковски, Генерален секретар на Владата на Црвенковски во 2003-та. А од 2013 е член на централниот одбор на СДСМ.

{loadposition content9}