Демократската Обнова на Македонија – ДОМ, невладината „Зелена планета за сите” и Еколошкото друштво Грашница ја најавуваат конференцијата Локални политики за Охрид: чиста вода, воздух и урбанизација, која ќе се одржи на 14ти декември, со почеток во 12 часот, во хотел Нова Ривиера во Охрид.
На конференцијата ќе се дискутираат клучни теми како што се заштитата на природните ресурси, справувањето со аерозагадувањето и предизвиците поврзани со урбанизацијата во Охрид и охридскиот регион. Преку отворен дијалог, целта е да се отвори дискусија за креирање одржливи решенија, кои ќе го зачуваат Охрид, како природно и културно наследство, информираат организаторите. Потенцираат дека настанот претставува уникатна можност за граѓанските организации и сите заинтересирани чинители, да ги споделат своите ставови и да придонесат за креирање зелени политики, кои ќе гарантираат чиста вода, воздух и просторно планирање за Охрид.