бадникова поворка 2026
Во сабота и недела ќе се одржат работилници за изработка на ѕвездите за Бадниковата поворка
Во сабота работилница за изработка на ѕвездите за Бадниковата поворка во спортската сала на ОУ „Христо Узунов“, а во недела во манастирот Св. Петка Велгошти

Во сабота, 27 декември, во спортската сала на ОУ „Христо Узунов“ ќе се одржи првата креативно – уметничка работилница за изработка на ѕвездичките што ќе ги носат дечињата учесници во Бадниковата поворка 2026.
Работилница за дечињата од Велгошти ќе се одржи во недела, 28 декември со почеток во 18 часот ќе се одржи во манастирот Св. Петка.
–Со Божиќната радост, срца да стоплиме!, порачуваат организаторите.







