Садница плус
Училиштето доби семе од ела ( Абиес Алба) за секој ученик, плакати за училница, како и упатство за секој наставник.
Училиштето доби семе од ела ( Абиес Алба) за секој ученик, плакати за училница, како и упатство за секој наставник.
Посаденото семе нашите ученици ќе го чуваат во училниците, за да можат учениците да го следат никнувањето и растењето на елата, а со тоа ќе се разбуди грижата за тоа што ќе го насадат.
На есенската акција елките ќе бидат засадени во училишниот двор. Целта е да се постигне дружење, заедништво и полезна социјализација која повторно би ги привлекла младите да се дружат поради некоја повисока заедничка цел. Водечка идеја на овој проект е секој ученик преку сопствено искуство да се почуствува одговорен , секој ученик да се почуствува активен, како дел од целина која заеднички функционира.
Да се поттикне индивидуалната одговорност и истовремено да се зајакне синергијата и заедништвото. Акцијата „Садница плус” ја организира здружението „Ден на дрвото” во соработка со Министерството за животна средина и локалните самоуправи.