Skip to main content

Летна понуда

Саем на книгата и бесплатна библиотека за странците

Странските љубители на пишуваниот збор ќе имаат можност да купат и македонска литература преведена на англиски јазик.
 |  инфодеск  | 
Библиотека саем

Од денеска и официјално за прв пат во Охрид, НУ Библиотека „Григор Прличев“ отвори бесплатно книжевно катче кое ќе функционира 24 часа.

Трезорите на библиотеката се богати со странска литература особено на англиски и германски јазик, на јазиците на соседните држави и други светски јазици кои што гостите ќе можат да ги позајмат, но и да ги разменат со свои книги. Да зајмат или да остават. Тоа ќе биде ново искуство за нив при што одморот ќе можат да го поминат во дружба со книгата – велат од Градската Библиотека.

Библиотека саем

Библиотеката за прв пат од денеска отвори и Летен саем на книгата со домашна литература, а странските љубители на пишуваниот збор ќе имаат можност да купат и македонска литература преведена на англиски јазик.

Од Библиотеката информираат дека на хотелите ќе им биде понудено да набават литература од македонски и странски продукции за да ја збогатат својата понуда.

Библиотека саем