Skip to main content

Граѓански сектор

Саем на невладини организации во Охрид

Саем на невладини организации од граѓанскиот сектор, за промовирање волонтерски можности за младите во летниот период.
 |  Голабовски Крсте  | 
невладини

Младите охриѓани денес добија ретка можност да се запознаат со програмите и можностите кои невладините организации од граѓанскиот сектор од регионов им ги нудат. Ова претставува убава можност, младите луѓе продуктивно да го поминат слободното време во летниот период.

„Досега немаше ваков вид на настан, па одлучивме сите организации да ги собереме на едно место и секој да си ги промовира своите активности и можности за волонтирање, дали ќе е на една манифестација еднаш годишно, дали ќе е на повеќе настани, подолгорочно, за да ги привлечат младите, да се пријават и да волонтираат“, – рече Јован Цветкоски – Младински центар Охрид.

Од центарот ги повикаа сите млади кои имаат желба да бидат активни на одредени настани, кои самите ќе си ги одберат, да бидат активни на подолг период или пократок, самите одлучуваат, да дојдат на саемот и да си одберат како ќе го поминат своето слободно време и ќе се надоградуваат како личности. Организаторите на саемот велат, дека бројот на волонтери е значително намален, особено после пандемијата, а најактивни се младите од селските средини.

„Потребата е голема за волонтери во организациите. Некако после ковид кризата, мислам дека некако и се намали бројот на заинтересираност на младите за волонтерски да учествуваат на одредени проекти и во некои организации. генерално се истите триесттина млади луѓе коишто волонтираат во сите организации“, дециден е Јован Цветкоски – Младински центар Охрид.

На саемот со свои штандови учествуваа Младински Центар Охрид, Културолошка Иницијатива 5 до 12, Архрид, Енхелеус Лихнид, Охрид трчаТ, Охрид Ултра Треил, СупКлуб, Касарна Хаб, Црвен Крст Охрид.