Skip to main content

Саем на виртуелни училишни компании

Во средното економско училиште се одржа традиционалниот саем на виртуелни училишни компании. Матурантите открија само дел од своите афинитети симулирајќи најразлични бизниси. Учениците на овој начин се стекнуваат со практични знаења кои можат веднаш да ги применат во реалниот свет.

 |  Јаковлева Лионела  | 
saem
саем

 

Матурантите од средното економско училиште денес  во улога на успешни бизнисмени. Тие на традиционалниот саем на виртуелни училишни компании открија само дел од своите афинитети симулирајќи најразлични бизниси. Агенции за туризам, хотели, аква паркови, компании за трговија со пијалоци, беа само некои од компаниите на кои средношколците економисти вредно работеа преку целата година.јован јованоски

На денешната свеченост учениците имаа можност да ги презентираат вештините, искуствата и достигнувањата стекнати во текот на образовниот процес. Организаторите на проектот повеќе од задоволни од идејата, подготвеноста и реализацијата на замислените компании од страна на средношколците. „ Интензивно се подготвувавме за саемот на училишни компании. Она што требаше да го работиме во текот на целата година, ние го направиме за еден месец“, вели професорката  Царева Цветаноска. Таа објасни дека училишната компанија е виртуелана компанија која функционира во рамките по практична настава во четврта година и во која учениците оформуваат симулиран бизнис од идеја до остварување на профит.

Бенефит од целокупната работа е тоа што учениците во овие виртуелни компании го ефектуриаат своето знаење за водење на бизнис, кое пак на најдобар начин се канализира низ вакви позитвни проекти. Учениците на овој начин се стекнуваат со практични знаења кои можат веднаш да ги применат во реалниот свет, вели професорката Царева Цветаноска.

Инаку, на саемот имаше 21 штанд од кои дел беа од   паралелките од економското училиште а имаше и гости од Струга, Гостивар, Битола, Прилеп. Саемот на виртуелни училишни компани се одржа со финансиска поддршка на Локалната Самоуправа од Охрид.

{loadposition content9}