Саем за волонтерски можности „Chill & Connect“ во петок во Охрид

Младинскиот Центар Охрид во петок, на 29 мај 2026 година, ќе го организира третото издание на Саемот за волонтерски можности „Chill & Connect“, настан наменет за поврзување на младите и граѓаните со локалните организации, фестивали и иницијативи кои нудат можности за волонтирање во текот на летната сезона.
Годинашното издание ќе биде реализирано во поопуштен и современ формат, а посетителите ќе имаат можност да се запознаат со околу десет организации и фестивали, да добијат информации за различни волонтерски ангажмани, да учествуваат во интерактивни активности и директно да се пријават како волонтери на лице место.
Настанот ќе биде збогатен и со DJ сетови, музика и неформална атмосфера, како и со гастрономска понуда и освежување, со цел создавање пријатен и отворен простор за дружење и вмрежување на младите.
Од Младинскиот Центар ги повикуваат сите заинтересирани млади луѓе и граѓани да го посетат саемот, да се информираат за достапните волонтерски можности и да станат дел од активностите што придонесуваат за развојот на локалната заедница.







