Skip to main content

Саемите и акциите на Кармен Бауцентар Охрид – позитивен импулс за локалната економија

Саемот за модерно градежништво во Кармен Бауцентар Охрид ги обедини на едно место професионалците од градежната индустрија и верните потрошувачи. Стручните презентации, практични демонстрации и советување овозможуваат полесно следење на новитетите во оваа индустрија од водечките светски брендови. Ваквите настани кои ги организира Кармен Бауцентар од година во година се сè попосетени од купувачите.
 |  инфодеск  | 

Во продажниот центар Кармен Бауцентар Охрид, со голем успех се одржа Саем на новитети и иновации во современото градежништво, на кој беа претставени најновите производи и технологии од водечките светски брендови во градежната индустрија.

Целта на овој настан беше на едно место да се соберат професионалци, партнери и крајни корисници, и да се овозможи директен контакт со производителите преку стручни презентации, практични демонстрации и советување, велат од Кармен Бауцентар.

Настанот предизвика голем интерес кај професионалната фела, особено кај плочкарите, фасадерите и кнауферите, кои беа присутни во голем број, над неколку стотици посетители.

Делот посветен на професионалниот алат донесе уште една димензија, стручни тимови одржаа импресивни демо-презентации на најновите машини и електричен алат, со акцент на практичноста, безбедноста и иновативноста.

Како најзначаен новитет, Кармен Бауцентар го претстави и новиот сегмент во понудата, а тоа е светски познат бренд за врати, при што свечено беше отворен нов, ексклузивен шоурум, во кој се поставени над 20 модели на производи.

„Посебна чест ми претставува додатокот во нашата програма, собни и влезни врати од врвниот бренд Еркадо кој нуди врвен дизајн и квалитет. Исто така морам да кажам дека нашиот стручен и едуциран тим е секогаш достапен да ги задоволи потребите на сите наши потрошувачи.“- изјави Никола Велјаноски – Кармен Бауцентар.

Саемот понуди и атрактивни саемски попусти на различни производи.

Ваквите настани се исклучително важни и за промоција и раст на компаниите и за поблиска комуникација со потрошувачите кои во случајот на саемот за градежништво се и самите сопственици на мали бизниси или мајстори поединци. Па така, може да се каже дека саемите и акциите кои ги организира Кармен Бауцентар како водечки центар за градежни материјали и ентериерни решенија во регионот, даваат еден позитивен импулс на локалната економија, создава атмосфера за нови партнерства и нови можности за локалните бизниси.