Skip to main content

СВР Охрид

Системот „Безбеден град“ започна со работа и на подрачјето на СВР Охрид

Од денес „Безбеден град“ се проширува и во Охрид
 |  инфодеск  | 

СВР Охрид ја известува јавноста, посебно возачите на моторни возила дека од денеска, современиот систем за сообраќаен надзор „Безбеден град“ (Safe City), кој, официјално стартуваше од 01.02.2026 година, постепено се воведува и на подрачјето на СВР Охрид. Денеска, по извршеното финално тестирање,  стручни екипи ги ставија во функција безбедносни камери на автопатската делница кај Ново село, општина Дебрца.

Во наредниот период се очекува проектот „Безбеден град“ да биде проширен и на патниот правец меѓу селата Горенци и Требеништа, како и на останатите пофреквентни сообраќајници и на коридорите 8 и 10 на подрачјето на СВР Охрид.

Од полицијата посочуваат дека системот ќе овозможи постојан сообраќаен надзор, полесно откривање на прекршоци, подобрување на сообраќајната дисциплина и зголемување на безбедноста на патиштата.

Воедно, апелираат до возачите да ги почитуваат сообраќајните правила, особено ограничувањето на брзината на автопатската делница кај Ново Село, каде максимално дозволената брзина изнесува 100 километри на час.