Skip to main content

Слевете го денот на шегата

Се верува дека обичајот да се шегувате на први април потекнува од Франција од 14-от век.

 |  Голабовски Крсте  | 
april
април

Се верува дека обичајот да се шегувате на први април потекнува од Франција од 14-от век. Пред тој период се употребувал еден календар во Европа, и секоја година почнувала на први април. На тој ден луѓето славеле, си разменувале подароци, и се посетувале.

Во далечната 1564 година, францускиот крал Чарлс IX, преземал нов календар и со декрет наредил секоја Нова Година да почнува на први јануари. Многумина го следеле овој кралски декрет, но сепак постоеле и луѓе кои не го почитувале новиот указ и продолжиле да си ја слават Новата година на први април.

1 AprilНаскоро овие луѓе станале мета на исмејување и трикови на нивните пријатели и соседи, само поради тоа што први април го славеле како Нова Година.

Пријателите и соседите им испраќале лажни подароци, покани за лажни забави, и разни други мајтапи токму на 1. Април.

Иранците си прават меѓусебни шеги на тринаесеттиот ден од песиската Нова Година (Нороуз), која е на први или втори април. Овој ден кој се прославува уште од 536 година пред нашата ера се нарекува Сиздах Бедар и денес е најстарата традиција за шегување во светот, овој факт предизивка многу луѓе да веруваат дека Денот на шегата потекнува од оваа традиција.

Традицијата на први април во Франција и деловите од Канада каде се зборува француски, вклучува poisson d’avril (буквално значи априска риба) е обидот да се закачи риба направена од хартија на грбот на жртвата без тоа да се забележи. Ова исто така е познато и кај другите народи, како во Италија, каде фразата е Pesce d’aprue (буквално значи априлска риба)исто така се однесува на други шеги кои се прават за време на 1 Април. Во земјите каде се зборува шпански јазик, слични трикови се прават на 28 декември, di de los Santos Inocentes, денот на светата невиност.

Обичајот исто така постои и во некои области на Белгија, како што е провинцијата Антверп. Фламанската традиција е децата да ги заклучуваат своите родители или учители и да ги пуштат само ако има ветат дека ќе им донесат слатки истата вечер или другиот ден.

Во Јосеон династијата во Кореја, кралското семејство и дворјаните имаат дозвола на првиот снежен ден од годината да се лажат и да се меѓусебно да се шегуваат, без разлика на подреденоста. Тие полнат снег во чинии и им ги праќаат на жртвите на шегата со лажен изговор. Се сметало дека тој што ќе го добие снегот е губитник во играта и мора да му исполни желба на тој што му го пратил снегот. Бидејќи триковите не се однапред планирани, тие се безопасни и често биле правени како добродетелство за кралските слуги.

1 AprilВо Полска, prima aprilus, (први април на латински јазик), е ден пол со шеги, луѓето, медиумите и дури јавните институции прават разни измами. Но најчесто се избехнуваатс сериозни активности. Ова верување е толку силно што противтурскиот сојуз со Леополд 1, први април, 1693 година го вратија на 31 март.

Во Шкотска, Денот на шегата традиционално се нарекува Hunt-the-gowk day (gowk, на шкотски значи кукавица или глупава личност), иако ова име повеќе не се употребува. Традиционалниот трик е да замолиш некој да испрати запечатена порака, со која се бара некаква помош. Всушност, пораката се чита „”Dinna laugh, dinna smile. Hunt the gowk another mile”. примачот на пораката, откако ќе ја прочита, ќе објасни дека може да помогне само ако прв стапи во контакт со друго лице и ја праќа жртвата на дрга личност со истата орака, со истиот резултат.

Во Данска, први мај е познат како Maj-kat, што значи „мачка во мај“, и исто така е ден за шегување. Први мај во Шведска исто така се слави како друга можност за ден на шегата. Кога некој во Шведска ќе биде излажан, за да се покаже дека било шега, будалиот за шегата на 1 Април римува „April April din dumma sill, jag kan lura dig vart jag vill” (April, April, you stupid herring, I can fool you to wherever I want”) и „Maj maj måne, jag kan lura dig till Skåne” (May May moon, I can fool you into Scania), за шегата на 1 мај.

И Данците и Швеѓаните го прославуваат Денот на шегата, (на дански-aprilsnar). Триковите на први мај се поретки. Голем дел од шведската медиумски вести, објавуваат само една лажна приказна на први април, за весниците тоа е статија на првата страна, но не и главен наслов. Во Шпанија и Иберо-Америка, датумот е 28 декември, христијанскиот ден за прославување на Масакрот на невините. Христијанското прославување е религиозен празник со свои права, но не и традицијата за трикови, иако традицијата се прави годишно. Откако некој ќе направи шега или трик некому, тој што се шегува најчесто вика : „Inocente palomita que te dejaste engañar” („You innocent little dove that let yourself be fooled”). Во Шпанија, вообичаено е да се вели „Inocente!” („Innocent!”). Меѓутоа, на шпанскиот остров Менорка, Денот на шегата „Dia d’enganyar” („Fooling day”) се слави на први април, бидејќи Менорка за време на еден период од 18 век била под власта на британците.

{loadposition content9}