Skip to main content

Само 12 парови го кажале судбоносното да пред матичар во месец март

 Бројот на склучени бракови во март годинава е преполовен во споредба со истиот месец  лани. Во Матичната книга на родени ,венчани и починати за Охрид  има опаѓање и во бројот на починати лица, но има и помалку родени бебиња.  

 |  Валентина Неловска  | 

Според евиденцијата во матичната книга на родени, венчани и починати се бележи пад кај сите три демографски индикатори, информира Кристина Митевска портпарол на Управата за водење матични книги. Се регистрирале шеесет брачни парови во првите три месеци од годинава. Минатиот месец само 12 парови го кажaле судбоносното да пред матичар и склучиле брачна заедница. Епидемијата со Ковид 19 го преполови бројот на склучени граѓански бракови во Охрид, покажува евиденцијата на матичната книга на венчани. Во јануари и февруари оваа година биле регистрирани 48 брачни заедници , 22 склучени во јануари и 26 во месец февруари. Митевска за демографската слика во месец март минатата години информира дека биле родени 38 бебиња, 26 лица склучиле брак, а починале 87 лица.

„Во третиот месец од оваа година бројот на родени лица се 34 , како и склучени бракови 12, а во матичната книга на починати се евидентирани 55 лица“, информира Митевска.

Во првите три месеци од оваа година во Охрид се родиле 102 бебиња или 24 помалку во споредба со истиот период лани. Минатата година на свет биле донесени 126 новороденчиња, покажуваат статистичките податоци на матичната книга за градот Охрид.

„Во третиот месец од 2019 година бројот на родени лица е 38, а во матичната книга на венчани се запишани 23 бракови, а починати се 76 лица“, кажува Митевска.

Минатата година во првото тромесечие биле регистрирани 39 повеќе починати луѓе во споредба со истиот период од оваа година. Во 2019 година во првите три месеци бројот на починати бил 233, а во првите три месеци од 2020 тој број е 194 лица.