Skip to main content

Само еден потрошувач побарал помош за рекламација на прозивод по стечајот на АМЦ

Компанијата за бела техника отиде во стечај пред неколку месеци и во охридскиот регион ова е прв таков случај. Од државниот пазарен инспекторат велат дека постапуваат по законот само ако потрошувачот има гарантен лист за производот кој го реклмира.

 |  Валентина Неловска  | 

Граѓаните кои имаат рекламации за купената бела техника од АМЦ компанијата која е во стечај може да побараат помош од Државниот пазарен инспекторат во Охрид. Во охридската подрачна едница на Државниот парзарен инспекторат досега само еден потрошувач побарал помош за рекламација на прозивод купен во АМЦ. Од подрачната единица на инспекторатот ќе ги задолжуваат сервисите да ги поправат расипаните апарати ,а потрошувачот нема да плати за извршената поправка бидејќи компанијата повеќе не постои, информира Цветко Ристески раководител на оддленеито на Државниот пазарен инспекторат. 

 

„ Во тој случај ако апаратот не се поправа , сервисерите се должни да го почитуваат член 22 од законот за заштита на потрошувачите и да обезбедат резервни делови, напоменува Ристески.

Купувачите кои нема да можат да ги заменат расипаните апарати по неклку поправки, тогаш сервисерот е должен да им обезбеди делови.

„Доколку производот е во гарантен рок замена не е можна од причина затоа што субјектот не постои но остануваме на оној рок од 5 години што се должни да обезбедат резервни делови од член 22 од Законот за заштита на потрошувачите.Го применува и ако има уреден гарантен лист може да му помогнеме да го побараме сервисерот, вели Ристески.
АМЦ ,компанијата за бела техника која отиде во стечај пред неколку месеци во охридскиот регион е прв таков случај.