Во Центарот за култура „Григор Прличев” – 12.10 (среда) со почеток во 20.00 часот се прикажува краткометражниот филм „Само ѓаволот се плаши од вода” во режија на Лидија Мојсоска,влезот е слободен.
Пријателството помеѓу Борис и Кира е е ставено на тест,кога Борис по сугестија на баба му почнува да се сомнева дека другарка му е под влијание на ѓаволот.Со ова нивното пријателство се доведува под прашање.Главните улоги ги играат младите Ангел Ристоски и Анастасија Јованоска.