Само матурантите од гимназија ќе слават матура во странство
Идејата за прослава на матурата надвор од државата ќе се реализира само во гимназијата, додека останатите средни училишта од градов истата ќе ја прославуваат на традиционален начин.
Матурантите од средното економско училиште „Св.Кирил и Методиј“ оваа година нема да имаат матурска екскурзија. Ова училиште од почетокот на оваа учебна година се осамостои како правен субјект, а години наназад матурските прослави ги правеше заедно со гимназиските паралелки. Од оваа година тоа нема да биде така. Вршителката на должноста директор на средното општинско стручно училиште, Славица Костоска, со објаснување зошто нејзините матуранти нема да слават матура во странство.
„Законот за средно образование, децидно кажува дека учениците во текот на школувањето во средните училишта можат еднаш да одат на екскурзија. Нашите матуранти и учениците од трета година беа на екскурзија кога беа втора година. Е сега другиве училишта, бидејќи постоеја како правни субјекти, порано си презедоа активности за вклучување на оваа активност во програмата. Ако ја немаме во програмата, и ако не побараме дополнително одобрување од Биро за развој на образование, од Министерство за образование и наука, ние не смееме да спроведеме таква екскурзија. Ние сме нов правен субјект, функционираме од 1ви Септември, тие активности немаше кога да се спроведат.“-вели в.д директорката на средното општинско стручно училиште „Св.Кирил и Методиј“, Славица Костоска.
Костоска додава дека доколку би се обиделе ваквата идеја да ја спрведат годинава и во нивното училиште, тоа би било незаконски. Идејата за матурска прослава во странство, односно матурска екскурзија прв ја конкретизираше менаџментот на охридската гимназија. Директорот, Звонко Трпески вели дека оваа идеја започнала со реализација уште кога вршител на должноста директор била Вера Јовческа. Тогаш, појаснува Трпески дека по пројавената иницијатива на учениците, била спроведена и анкета помеѓу родителите која покажала висок процент на поддршка за идејата за матурска екскурзија. Трпески вели дека сега постапката околу екскурзијата ја води комисија формирана посебно за таа цел.
„Комисијата брои пет члена, тројца родители, двајца предметни професори и од моментот на формирањето на комисијата, целосната постапка ја води комисијата која што воедно ја изготви и маршрутата. Значи екскурзијата се планира за Италија, односно Рим-Венеција-Фиренца-Пиза, во траење од шест дена, со три ноќевања. Постапката околу објавување на јавен оглас заврши, пристигнати се понуди и во фаза на разгледување се понудите кои се пристигнати до комисијата.“-рече директорот на ОСУ „Св.Климент Охридски“, Звонко Трпески.
Ги контактиравме и директорите на електромашинскиот училишен центар „Св.Наум Охридски“ и средното угостителско училиште „Ванчо Питошески“. Иако во различни фази од подготовките за прослава на матурите, и во едното и во другото средно училиште велат дека ќе одат со традиционална прослава на матурската вечер, во некој од угостителските објекти од градов.
{loadposition content9}