Skip to main content

Охридско лето

Самостојна изложба на Наташа Попоска Карче

Ликовната поставка e компилација од дела што одликуваат четири базични емоции и тоа: среќа,љубов, тага и радост.
 |  инфодеск  | 
Наташа Попоска

Во рамките на 62-то „Охридско лето“ вечерва од 20 часот ќе биде отворена самостојна изложба на д-р Наташа Попоска-Карче.

Изложбата со наслов „Приказна од  душата-сликам со тебе“ ќе биде поместена во Предворјето на црквата „Света Софија“.

Ликовната поставка e компилација од дела што одликуваат четири базични емоции и тоа: среќа,љубов, тага и радост. Преточени во боја, навидум реални, но истовремено и имагинарни композиции, секое од нив носи своја микро приказна од морето на животот и остава свој печат во вечноста. 

Д-р Наташа Попоска – Карче е родена во 1972 година во Охрид. По професија стоматолог, со сликање започнува активно да се занимава во 2013 година.

Пејзажите, реални и имагинарни се нејзина особена пасија. Следејќи го сопствениот творечки порив за освојување нови внатрешни и интимни духовни хоризонти, создава дела со силна емотивна експресија.

Зад себе има неколку самостојни и групни претставувања во Македонија и во странство.