Продолжува санацијата на големиот дефект на водоводната мрежа, и денеска дел од Охрид без вода
Станува збор за дефект предизвикан од пукање на водоводна цевка со профил Ф500 мм, кој настана вчера.

Поради продолжување на активностите за санација на голем дефект на водоводната мрежа во Охрид, денеска од 11:00 часот, во наредните неколку часа, без вода ќе останат корисниците на повеќе улици и населби во градот.
Станува збор за дефект предизвикан од пукање на водоводна цевка со профил Ф500 мм, кој настана вчера.
Прекинот во водоснабдувањето ќе ги опфати следните локации:
- Улицата „Гоце Делчев“, на потегот од пресекот со улицата „Македонски Просветители“ до Здружението на возачи.
- Сите споредни улици во населбите Кошишта, Воска и Далјан.
- Дел од улицата „Абас Емин“.
- Дел од булеварот „Туристичка“.
- Улицата „Димитар Влахов“, вклучувајќи ги и сите споредни улици.
- Улицата „Славеј Планина“.
- Дел од улицата „Јане Сандански“.
- Долниот дел од стариот град.
Од ЈП „Водовод“ – Охрид информираат дека нивните екипи се постојано на терен и работат на отстранување на дефектот, сè до целосно завршување на санацијата и нормализирање на водоснабдувањето.








